Рамос ги воодушеви Шпанците: Овој гол е за тебе брат! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија вчера славеше со 4-1 против Фарски Острови во мечот од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Шпанците одиграа лесен натпревар и славеа убедливо, а првиот гол за Шпанија го постигна Серхио Рамос.

Рамос постигна гол по корнер, откако беше највисок во казнениот простор на противникот, па одлично ја затресе мрежата за водство на својата екипа.

По погодокот Рамос ги воодушеви сите со прославата, зашто голот му го посвети на поранешниот соиграч Хозе Антонио Рејес, кој минатата недела трагично почина во сообраќајна несреќа.

Рамос се огласи на на Твитер и порача дека голот бил за Рејес, чија смрт жестоко го потресе фудбалскиот свет.