Рајола трие раце: ПСЖ со „солена“ понуда за Де Лихт ја посрамоти Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матијас де Лихт уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, иако се поврзува со многу европски гиганти.

Де Лихт ги воодушеви сите со своите настапи во дресот на Ајакс со кој стигна до двојна круна во Холандија и полуфинале во Лигата на шампиони.

ПСЖ е еден од најзагреаните да го ангажира Де Лихт, а нивниот спортски директор, Леонардо има одличен однос со Рајола и сака да го искористи тоа.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ понудил дури 15 милиони евра годишна плата на Де Лихт, а тоа е двојно повеќе од понудата на Барселона.

Наводно, Барселона му понудила плата од пет до седум милиони евра годишно на Де Лихт, а тоа е премалку за Рајола и за самиот фудбалер.