Надал го совлада Тим и го освои трофејот на Ролан Гарос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои 12. трофеј на Ролан Гарос и тоа откако во финалето го победи Доминик Тим со 3-1 во сетови.

Пред почетокот на турнирот се сметаше дека на Надал најголема закана му е Новак Ѓоковиќ, но Србинот испадна во полуфиналето од Тим.

На денешниот меч Надал го освои првиот сет со 6-3, иако имаше ден брејк негатива во еден момент. Сепак, успеа да направи пресврт и да поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет немаше многу возбудувања, барем до 12. гем, кога Тим направи брејк и израмни на 1-1 во сетови.

Сепак, во продолжение од мечот Шпанецот доминираше, па двата сета ги освои со по 6-1 и со вкупни 3-1 во сетови го освои трофејот на Ролан Гарос.

Ова беше вкупно 18. гренслем титула за Надал, па така му се одалечи на Новак Ѓоковиќ, кој има 15 и му се приближи на Роџер Федерер, кој има 20.