Серхио Рамос прв го коментираше доаѓањето на Азар во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар е првото засилување на Реал Мадрид за новата сезона.

Кралскиот клуб конечно потврди дека Азар е нов играч на овој тим. Белгиецот потпиша петгодишен договор.

Јасно е дека Перез сака да ги врати Кралевите на самиот врв, а Азар би требало да биде најголемо засилување за наредната сезона. Доаѓањето на овој фудбалер ги воодушеви навивачите, но и играчите на овој клуб.

Прв кој се огласи околу овој трансфер беше капитенот на кралскиот клуб Серхио Рамос кој не го криеше воодушевувањето што Азар потпиша договор со Реал.

„Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно ќе биде огромно засилување за нашиот тим. Задоволен сум од текот на припремите за новата сезона што се однесува до заилувања“, рече Рамос.

Капитенот ги прокоментира и шпекулациите дека ќе си оди од Реал.

„Морав да организирам прес и да ја затворам таа страница. Луѓето повеќе не коментираат за ова и тоа е најважно. Среќен сум што играм за Реал и сакам да останам овде што е можно подолго“, додаде Рамос.