Ферари го возвраќа ударот – си ја бараат победата во Канада!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Себастијан Фетел помина прв низ целта во трката за Големата награда на Канада, но побеата му припадна на Луис Хамилтон.

Возачот на Ферери беше казнет со пет секунди, зашто според мислењето на судиите на 22 круга пред крајот на трката на несигурен начин се вратил на патеката, па така го загрозил Хамилтон.

„Мораш да бидеш целосно слеп за да мислиш дека по излегување на тревата имаш контрола над болидот. Имав среќа што не удрив во ѕидот. Каде требаше да одам, по ѓаволите!?“, кажа Фетел по трката.

Откако се смирија во Ферари, тие решија да испратат жалба до ФИА на оваа контроверзна одлука. Тимот има 96 часа да одлучи дали ќе продолжи со жалбата, која потоа ќе стигне до Меѓународниот жалбен суд на ФИА.

Инаку, според правилникот на Ф1, казната дадена за време на трката не може да биде предмет на жалба, па останува да видиме што ќе се случи.