Трансферот е пред реализација: Елмас се сели во Мадрид?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија вечерва ќе се пресмета со Австрија во рамки на квалификациите за Евро 2020, а репрезентативецот Елиф Елмас по мечот би требало да направи мега-трансфер.

Неделава во Турција се очекуваат претставници од шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, кои ќе имаат состанок со управата на Фенербахче за да ги договорат последните детали за трансферот на Елмас.

Турските медиуми пишуваат дека најдоцна до крајот на неделата ќе биде официјално потврден трансферот на Елмас, кој веќе долго време се поврзува со европски гиганти.

Атлетико Мадрид, наводно, ќе плати дури 14 милиони фунти за македонскиот репрезентативец, а Фенербахче ќе ја прифати нивната понуда со задоволство, иако е сигурно дека ќе загубат квалитетен фудбалер.