Конте си договори засилување од Реал Мадрид!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антонио Конте го презема Интер, па испрати јасна порака до Јувентус дека ќе се измачат за да ја одбрана титулата во италијанското првенство.

Навивачите беа во еуфорија, а тоа го покажува и продажбата на билети на „Џузепе Меаца“, а на Италијанецот наскоро ќе му се приклучи член од стручниот штаб на Реал Мадрид.

Станува збор за кондициониот тренер Антонио Пинтус, кој е во добри односи со Конте уште од деновите кога биле фудбалери.

Пинтус минатото лето го напушти Реал, откако Хулен Лопетеги  стигна на кормилото на „кралскиот клуб“, меѓутоа Сантијаго Солари го врати, па Италијанецот остана до крајот на сезоната.

Конте сега го чека во Милано за да го почнат новиот амбициозен проект на Интер.