Поразителна статистика: Милан загубил речиси половина милијарда евра за пет години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ објави во денешното издание кратка анализа на финансиската состојба на Милан и заклучи дека италијанскиот клуб во последните пет години загубил дури 413 милиони евра.

Милан во последните три години смени три сопственици, а голем удар доживеа во финишот на сезоната во која не ја оствари главната цела, односно пласман во Лигата на шампиони.

„Росонерите“ минатото лето инвестираа 190 милиони евра за засилувања и тоа по сезоната 2016/2017, која ја завршија со загуба од 126 милиони евра.

Италијанскиот медиум пишува дека до крајот на месецот Милан ќе биде дополнителни 100 милиони евра во минус, а покрај тоа „росонерите“ би можеле да бидат казнети од УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј, а тоа дополнително ќе ја отежне борбата за елитното натпреварување следната сезона.