Македонија поведе против Австрија, па доживеа резултатска катастрофа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска запиша убедлив пораз од Австрија на Националната Арена „Тодор Проески“ со 1-4 во четвртото коло од квалификациите за Евро 2020.

Македонската селекција играше израмнет фудбал во првото полувреме, а притоа стигнаа и први до предност, откако во 18. минута Хинтерегер си постигна автогол за 1-0. Сепак, гостите успеаа да го израмнат резултатот на 1-1 во 39. минута.

Второто полувреме почна одлично за Австрија, а Македонија успешно се бранеше, но по само 15 минути почна распадот на нашата репрезентација.

Марко Арнаутовиќ во 62. минута од пенал погоди за 2-1 на Австрија, а 20 минути подоцна зголеми и на 3-1. Уште еден шок пристигна четири минути подоцна откако Лајмер погоди за конечни 4-1 и убедлива победа на Австрија.

Македонија по денешниот пораз се наоѓа на петтата позиција на табелата во групата Г со четири освоени бодови, додека последна е Летонија без бодови. Пред нас Словенија има пет бода, Австрија шест, Израел седум и лидер е Полска со 12 бода.