Јуве му ги расипува плановите на Симеоне и влегува во трката за играч на Барса


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атлетико Мадрид сериозно загриза за игралот на Барселона, Нелсон Семедо.

25 годишноот Португалеџ сака да го напушти каталонскиот тим, а Атлетико би сакал да го види во своите редови, меѓутоа сега наиде на нов проблем.

Имено, според наводите на италијанските медиуми, Јувентус е исто така заинтересиран за доведување на Семедо во кого гледаат замена за Кансело кој би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити.

Тутоспорт наведува дека Португалецот е еден од четирите играчи кои се наоѓаат на списокот на Јуве како замена на Кансело.

Покрај Семедо, тука се и Данило од Сити, Трипиер од Тотенхем и Хисај од Наполи.

Диего Симеоне го осначи Семедо како опција за покривање на заминувањето на Хуанфран, носега во целата приказна се вклучи и Јувентус.

Според италијанските медиуми, Мендеш веќе ги започнал првите контакти со цел Португалецот да заигра во Серија А.