Фонсека е тренер со победнички менталитет: Задоволен сум што пристигнав во Рома!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нов тренер на Рома стана Пауло Фонсека, кој пристигна од украински Шахтер, а во Рим ќе го замени Клаудио Раниери.

Фонсека кажа дека е среќен поради преселбата во италијанскиот тим и верува дека може заедно да имаат успех.

„Многу сум задоволен што станав тренер на Рома. Ви благодарам на шансата. Возбуден сум и мотивиран со предизвиците кои се пред мене. Едвај чекам да почнам. Верувам дека можеме заедно да изградиме успех“, вели Фонсека.

Претседателот на клубот, Џејмс Палота кажа дека е воодушевен поради пристигнувањето на Фонсека.

„Пауло е млад и амбициозен тренер со меѓународно искуство. Има победнички менталитет и сака напаѓачки стил на фудбал, па се надевам дека навивачите ќе бидат возбудени“, кажа Палота.

Да потсетиме, Фонсека со Рома потпиша договор на две плус една сезона.