Поранешен возач во Ф1 „покоси“ еден од членовите на екипата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Такума Сато, поранешен возач во Формула 1 прегази член на својот тим на трката во Тексас.

Јапонецот многу лошо ја процени брзината со која се движеше и влезе во пит-стопот, па го удри Крис Велч. Инцидентот се случи на трка во Индикар шампионатот.

Глетката беше ужасна, но не и фатална за Велч, за огромна среќа. Тој се огласи по трката и кажа дека е добар, но има неколку модринки од ударот.