Џанлуиџи Буфон ќе го замени Икер Касиљас?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За новиот клуб на легендарниот голман се уште се шпекулира.

По една сезона, Џанлуиџи Буфон реши да ја заврши својата епизода во ПСЖ.

Легендарниот чувар на мрежата не ја продолжи соработката со „Светците“, па во моментов е слободен играч.
Во изминатите неколку денови, се шпекулираше дека Буфон може да се врати во Италија и да го носи дресот на клубот во кој ја започна својата кариера, Парма. Исто така, имаше гласини дека постои шанса 41-годишниот голман да го ангажира повратникот во Серија А, Бреша.

Сепак денес,Тутоспорт тврди дека Џанлуиџи Буфон, кој сеуште нема намера да ја заврши својата кариера, би можел да отиде во Порто.

Буфон во Порто би го заменил Икер Касиљас.

Да потсетиме дека поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид се збогува со активен професионален фудбалски ангажман откако неодамна претрпе срцев удар за време на тренинг со Порто. Така еден легендарен голман би можел да го замени друг.

Буфон ја започна својата кариера во Парма, а во 2001 година се пресели во Јувентус. Минатото лето, по 17 години, ги напушти редовите на Старата дама во потрага по нов предизвик.

Сега останува да се види каде Буфон ќе брани следната сезона, што за него би можела да биде негова последена во професионалниот фудбал.