Е ова е капитен: Серхио Рамос со неверојатен потег ги воодушеви сите! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на шпанската репрезентација, Серхио Рамос често се наоѓа на насловните страни во медиумите поради погрешни причини.

Неговото жестоко однесување му донесе репутација на човек, кој не бира средства за да стигне до целта на теренот, но последниот детал покажува всушност за каков капитен, но и човек станува збор.

Шпанија во рамки на квалификациите за Евро 2020 ја совлада Шведска со 3-0, а токму капитенот на Шпанија го постигна првиот гол од пенал во 65. минута.

Пет минути подоцна следуваше нов пенал за Шпанија, а по договор ги изведува Рамос, но тој овојпат му ја предаде топката на Алваро Мората за да му дозволи да се запише во листата на стрелци, а напаѓачот покажа со реакцијата колку му значи таквиот потег.