Човек од Челси случајно ја откри иднината на Сари (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси денеска се поврзува со неколку тренери, меѓу кои се и поранешните Жозе Мурињо и Рафа Бенитез, но засега нема конкретни информации кој ќе пристигне како замена за Маурицио Сари, кој е блиску до преселба во Јувентус.

Еден од акционерите на Челси, Хасан Нагор случајно откри дека Сари ќе си замине од Лондон. Бизнисменот од Саудиска Арабија на својот Инстаграм профил објави „Ти благодарам Сари“, па многумина веднаш го разбраа тоа како потврда за заминувањето на Италијанецот.

Сепак, нема ништо официјално, иако долго време се шпекулира дека ќе ја преземе тренерската клупа на Јувентус, која ја напушти Масимилијано Алегри, откако не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампиони.