Познат фудбалски експерт: Дибала ќе биде избркан од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според познатиот италијански фудбалски експерт, Адам Дигби, Пауло Дибала ќе биде форсиран да си замине од Јувентус ова лето.

Дигби кој одблиску ја следи работата на Јувентус во интервју за „Скај Спортс“ потенцираше дека аргентинскиот фудбалер ќе си замине од клубот ова лето.

„Мислам дека Дибала ќе биде еден од играчите кои ќе бидат присилени да си одат. Мислам дека присуствто на Роналдо го натера Јувентус да игра со тројца во нападот, а единствена позиција слободна за Дибала во тој момент е десната крилна, која воопшто не му прилега.

Тој е многу покомотен во средината како „лажна деветка“, а оваа сезона навистина се мачеше да се адаптира. Ова беше негова најлоша сезона по пристигнувањето во Јувентус. Постигна само три гола и беше навистина маргинализиран. Го гледам како си заминува ова лето за да игра на својата природна позиција во друг клуб“- истакна Дигби.