Што Килијан Мбапе рече за трансферот во Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килијан Мбапе го постигна својот 100. гол во кариерата во дуелот на репрезентацијата на Франција против Андора.

Триколорите победија со 4-0 а после мечот новинарите повеќе ги интересираше дали Мбапе ќе оствари голем трансфер во текот на летото.

Француските медиуми веќе со денови пишуваат дека Мбапе е многу незадоволен во Париз и дека има намера ова лето да го засили Реал Мадрид.

Наводно, се е спремно за големиот трансфер, но Мбапе не сакаше да говори околу тоа.

„Секогаш ме прашувате истите работи, но сега навистина е е правиот момент за тоа“, додаде францускиот фудбалер.

Мбапе зад себе имаше навистина спектакуларна сезона. Беше најдобар играч во ПСЖ и до самиот крај на сезоната се бореше за Златната копачка која сепак му припадна на Меси.

Мбапе одигра вкупно 43 натпревари за ПСЖ и постигна 39 голови и 17 асистенции

Сепак, очигледно нешто не штима во клубот од Париз, па голема е веројатноста Мбапе да го видиме во Реал Мадрид од наредната сезона.