Веспрем го претстави бомбардерот Борозан (ФОТО)

Европскиот вицешампион Веспрем денеска го претсави Вуко Борозан, кој го напушти Вардар сред сезона, па не им помогна на соиграчите во освојување на втората титула во Лигата на шампиони.

Борозан се двоумеше дали да се пресели во Барселона или Веспрем, но на крајот го одбра унгарскиот клуб, со кој потпиша двегодишен договор, а истиот може да биде продолжен на уште една сезона.

Црногорецот во кариерата настапувал во Цетиње, Карловац, како и во Металург во 2014 година, по што се сели во Германија и игра за Либек. Во 2016 година пристигна во Вардар, со кој освои една титула во Лигата на шампиони во 2017 година, а сега реши да ја продолжи кариерата во унгарски Веспрем.

Advertisements