Милан се засилува со искусен фудбалер на Ливерпул

Милан ја разгледува можноста да го ангажира дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, пишуваат денешните италијански медиуми.

Управата на „росонерите“ сака да дознае колку ќе чини хрватскиот фудбалер, кој пристигна на „Енфилд“ во 2014 година од Саутемптон и одигра 170 меча за „црвените“ со кои лани ја освои Лгата на шампиони.

Меѓутоа, повредите и одличната форма на Вирџил ван Дајк, имаа влијание на минутажата на Ловрен во минатата сезона, во која одигра само 18 дуели.

Договорот на Ловрен со Ливерпул му завршува за две години, а клубот има можност да го продолжи истиот на уште 12 месеци.

Токму хрватскиот дефанзивец треба да биде и прво засилување на „росонерите“ доколку се договорат за цена со Ливерпул.

Advertisements