Стара снимка од 16-годишниот Надал е хит: Не сакам да играм на земја… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со победата против Доминик Тим, Рафаел Надал во неделата го освои 12. трофеј на вториот гренслем-турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Тоа воедно беше и 18. гренслем-трофеј за шпанскиот тенисер. Но 33-годишниот Надал пред 17 години имал други приоритети и желби.

Последните денови стана хит видеото во кое Надал на 16 години зборува дека најомилен турнир не му е Ролан Гарос, туку Вимблдон и дека не сака да игра на земја, туку повеќе му одговара трева.

Сепак, никогаш не може да знаеме каде води животот, а тоа не го знаел ниту Надал очигледно, кој може да се каже дека заслужено стана „крал на земјените терени“.