Ги објавија барањата на Мбапе на Твитер, а потоа се огласи и Французинот (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе постојано се поврзува со трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид. Наводно, 20-годишниот напаѓач е незадоволен во редовите на францускиот шампион и сака да замине.

Дел од француските медиуми објавија дека Мбапе поставил листа со барања до клубот, а еден медиум тоа го објави на Твитер.

Тие ги објавија барањата на Мбапе, меѓу кои се дека треба да му биде загарантирано местото во врвот на нападот, мора да изведува пенали и мора да заработува процент од користењето на неговиот лик и име, но веднаш се огласи и Французинот.

„Извинете, заборавивте нешто. Мбапе сака да биде голман. Лажна вест!“, напиша Мбапе на социјалните мрежи.