Дејвис доби нов тригодишен договор со Веспрем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Давид Дејвис ја доби довербата од управата на Веспрем, кој му го продолжи договорот на уште три години, па сега Шпанецот ќе остане во унгарската екипа до 2023 година.

Дејвис пристигна на клупата на Веспрем во октомври минатата година, кога потпиша двегодишен договор. Сепак, по освојувањето на шампионската титула во домашното првенство, но и пласман во финалето на Лигата на шампиони, кадешто загуби од Вардар, управата реши да му ја продолжи соработката.

Шпанецот помина дел од својата кариера во Вардар, кадешто му беше помошник на Раул Гонзалес, а исто така работеше и како тренер на женската екипа.

Исто така, добри вести за унгарскиот гигант е тоа што се приклучува на СЕХА-лигата, кадешто доминира Вардар, па ќе биде голема конкуренција за „црвено-црните“.