Фудбалер на Реал го потврди заминувањето: Зборував со Зидан и го прифатив неговото објаснување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Јовиќ денеска беше претставен во Реал Мадрид, а Еден Азар треба утре да биде промовиран во „кралскиот клуб“.

„Кралевите“ полека почнаа со реализација на плановите за следната сезона, но некои фудбалери од Мадрид нема да бидат дел од тие планови. Еден од нив е Дани Себаљос, кој потврди дека ќе замине.

Себаљос беше еден од фудбалерите, за кои се шпекулираше дека на лето ќе го напушти Мадрид, а тоа го потврди и самиот фудбалер.

„Зидан разговараше со мене и беше многу јасен. Го прифатив неговото објаснување з тоа каде ме гледа следната сезона. Меѓутоа, имам договор за уште четири години и висока откупна клаузула“, објаснува Себаљос.