Тешко извојувана победа против Турција: Македонија по шести пат на Континенталниот собир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Макдонија извојува тешка победа на гостувањето кај Турција ос 26:25.

Нашите ракометари одиграа уште еден натпревар за заборав, меѓутоа на крајот сепак дојдоа до посакуваниот триумф којги однесе на шестото Европско првенство за Македонија.

Турција имаше предност од плус два на полувреме, а на крајот имаше и напад за израмнување, меѓутоа Никола Митрески го одбрани ударот на домашниот ракометар.

Кире Лазаров уште еднаш беше предводник на нашиот тим, со седум гола, а пет постигна Фили Талески. Клучни четири интервенции запиша голманот Никола Митрески.

Овие квалификации ги затвораме во недела кога во Струмица ќе ја пречекаме селекцијата на Грција.