Арјен Робен се сели во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се уште се е во доменот на шпекулациите, во Италија на големо се зборува дека Арјен Робен би можел да се пресели на „Чизмата“.

Холандскиот репрезентативец по крајот на овојмесец и дефинитивно ќе биде слободен агент и ќе може да бара средина во која ќе ја продолжи играчката кариера.

Во медиумите се шпекулираше за негов трансфер во Бенфика, каде би играл во Лигата на шампионите и би го заменил Жоао Феликс, но сега „Ил Темпо“ пренесува дека искусниот фудбалер би можел да продолжи во Лацио.

Наводно од римскиот клуб се сериозно заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот кој долги години со успех настапува на европска сцена.