Директорот на Јувентус отпатува во Лондон на состанок со челниците на Челси

Јувентус сеуште го нема решено прашањето за нов тренер откако Алегри доби отказ.

Се очекуваше дека Старата дама ќе го објави новиот тренер веднаш по завршувањето на сезоната, но тоа не се случи. Со Јуве се поврзуваат неколку тренери, но сите се сигурно дека на крајот тоа ќе биде Маурицио Сари.

Во лондонскиот клуб не сакаат туку така да му ја раскинат соработката и да го пуштат во Јувентус,

The Sun објави дека ова ги налутило челниците на Јувентус бидејќи им било ветено дека нема да има проблеми од страна на Челси.

Директорот на Старата дама Фабио Паратичи отпатувал во Лондон за да разговара со челниците на Челси. Сака да ги увери да го пуштат Сари без обесштетување, што очигледно тоа не им одговара.

Сари може веднаш да оди во Јуве толку италијанскиот клуб плати 5 милиони евра, но Старата дама им нуди замена, Игуаин на позајмица без никакви трошоци. Дали ќе успеат да се договоорат останува да видиме.

Advertisements