Еден Азар пристигнува денес, но Реал тек го спрема шлагот на тортата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мадридски Реал направи веќе неколку фантастични работи.

Од наредната сезона дресот на Кралевите ќе го носат Едер Милитао, Ферланд Менди, Лука Јовиќ и Еден Азар, кој во клубот пристигнува денес.

Меѓутоа, големите засилувања нема да запрат и голема е можноста да пристигне уште едно големо име.

Мундо Депортиво тврди дека после потпишсот на Азар мадридскиот великан жестоко ќе тргне по Килијан Мбапе и сите сили ќе ги сврти кон овој потенцијален трансфер.

Сепак, понудата за Мбапе мора да биде огромна. Можно е дури Реал да го сруши најголемиот трансфер на сите времиња кој изнесува 222 милиони евра, сумата што ПСЖ ја плати на Барселона за Нејмар.