Дурант опериран – ќе паузира од осум до 12 месеци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант беше опериран денеска по повредата во петтиот меч од финалето во НБА-лигата против Торонто репторс.

Како што се предвидуваше, Дурант ја повреди ахиловата тетива, а тоа е една од најтешките повреди во светот на спортот, а надвор од теренот ќе биде меѓу осум месеци и една година.

„Операцијата беше успешна. Моето враќање почнува од денеска. Со мене е семејството и сите кои ги сакам. Кошарката беше моја најголема љубов и сакав таа ноќ да бидам на паркетот затоа што тоа го правам јас. Сакав да им помогнам на своите соиграчи. Работите така се случија, а јас сум горд што дадов максимум физички“, вели Дурант.

Да потсетиме, тој пропушти неколку натпревари во плејофото поради повреда, а се врати во петтиот меч против Торонто и веднаш се повреди.

Кошакарот играше еден од најдобрите плејофи во кариерата пред повредата, а во просек постигнуваше 32,3 поени по меч, 4,9 скокови и 4,5 асистенции.