Претседателот на Барселона се буни: Не е фер другите да користат средства кои не ги заработиле во фудбалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Влегувањето на богати тајкуни во многу клубови потполно го промени светот на фудбалот.

Поетини клубови од просечни станаа великани и играат рамо до рамо со великани кои своите имиња ги изградиле со богато минато.

Претседателот на Барселона Бартомеу смета дека не е фер другите клубови да ги користат парите кои не ги заработиле од фудбал, туку користат пари од своите сопственици.

Бартомеу го повика УЕФА и ФИФА да реагираат околу ова и да водат грижа за финансиски фер-плеј.

„Не е фер поедини клубови да користат средства и извори на пари кои немаат врска со фудбалот. Погледнете ги ПСЖ и Манчестер СИти“, рече Бартомеу, па продолжи:

„УЕФА и ФИФА мораат да постават одредени правила. Мора да се исполнат одредени услови за нивниот финансиски фер-плеј да има смисла. Барселона е најпопуларен клуб во светот и сите приходи ни доаѓаат од спортскиот сектор. Не е фер другите да имаат други извори“, рече Бартомеу.

Сити и ПСЖ константно се под истрага на УЕФА, а англискиот клуб моментално се соочува со можни санкции, па дури исфрлување од Европа.