Мино Рајола се огласи по шпекулациите дека Де Лихт се сели во ПСЖ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако вчера се појави информација дека Матијас де Лихт кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, се огласи и неговиот агент Мино Рајола.

Рајола се обиде да ги смири страстите, па кажа дека Де Лихт уште не се договорил со ниту еден клуб.

„Ова е класичен пример на погрешни информации“, порача Рајола.

Да потсетиме, Де Лихт се поврзуваше и со голем број клубови како што се Манчестер јунајтед, Сити, Барселона, Јувентус, а пред неколку дена кажа дека наскоро ќе ја донесе одлуката.

„Имам ли клуб од соништата? Не, тоа беше само Ајакс, не постои друг клуб. Секогаш сонував да играм за Ајакс. Ќе видиме што е најдобро за мојата кариера“, порача Де Лихт.