Ќе гледаме спектакл уште на стартот на Премиерлигата (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утринава на официјалните страни на Премиерлигата се појави комплетен распоред за сезоната 2019/20. А уште во првото коло ќе гледаме големо дерби меѓу Манчестер јунајтед и Челси.

Уште во првото коло ќе се пресметаат гигантите, а интересни ќе бидат и другите натпревари. Манчестер сити ја почнува одбраната на трофејот со гостување кај Вест Хем.

Второто коло ни носи дерби меѓу „граѓаните“ и Тотенхем, додека во трето ќе гледаме пресметка меѓу Ливерпул и Арсенал.

Во четврто коло ќе имаме дерби во северен Лондон, додека првото големо дерби меѓу главните кандидати за титулата ќе биде во 12. коло на „Енфилд“.

Првото коло се игра од деветти до 11 август, а него ќе го отворат Ливерпул и Норвич.