Рамос повика 500 гости на свадба, а меѓу нив не е – Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во светот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос саботава конечно ќе се венча.

Рамос е во врска со Пилар Рубио од 2012 година и со неа има три сина, а на свадбата повика 500 гости.

„Марка“ пишува дека на свадбата нема да присуствува поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Шпанскиот медиум пишува дека по заминувањето на Роналдо од Мадрид, тие двајца не се во добри односи, па затоа Рамос не го сака Португалецот на својата свадба.

Сепак, на свадбата ќе бидат Дејвид Бекам, Жерар Пике, Флорентино Перез, Зинедин Зидан и многу други познати лица од светот на фудбалот.