Дури 16 играчи од Реал можат да бараат нов клуб, а Марсело може да стане број 17


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мадридската радио станица Либертад Дигитал објави список од 16 фудбалери на кои Реал Мадрид повеќе не може да смета.

Меѓу „отпишаните“ играчи се неколку големи имиња, а Зинедин Зидан повеќе не смета на следните играчи:

Иско, Бејл, Џејмс Родригез, Ковачиќ, Кејлор Навас, Лукас Васкез, Себалос, Лоренте, Начо, Ваљехо, Маријано, Тео, Мајорал, Раул де Томас, Лука Зидан и Лукас Силва.

Седумнаесеттиот што може да си оди е легендарниот бразилски лев бек Марсело. Тренерот на кралевите Зинедин Зидан јасно му кажал дека смета на него, но дека може да оди доколку сака.

Реал овој период на транзиција го започна навистина жестоко. Тие веќе потрошија повеќе од 300 милиони евра , а нови засилувања пристигнуваат од ден за ден.

Секако дека најголемото име е Еден Азар. Белгиецот ќе биде претставен денес како нов член на Кралевите, а претходно потпишаа Едер Милитао, Лука Јовиќ и Ферланд Менди.

Во наредниот период, неколку нови имиња се очекуваат на Сантијаго Бернабеу. Многу имиња се поврзуваат со доаѓањето во редовите на шпанскиот гигант, па и ќе видиме кој на крајот ќе го облече дресот на кралевите.

Сигурно е дека Реал ќе изгледа многу поинаку во следната сезона во споредба со изминатата, кога ги разочараа апсолутно сите љубители на фудбалот, особено нивните навивачи.

Тренерот Зидан најави одлични работи. Тие се случуваат, а целта на клубот е пред се освојувањето на првенството на Шпанија.