Лацио пазари во Англија, трансфер цел играчи на Арсенал и Њукасл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Лацио сакаат да направат уште поконкурентен тим за следната сезона во која ќе бркаат пласман во Лигата на шампионите.

Се појавија шпекулации дека лацијалите се заинтересирани за Арјен Робен, а денес „Ил Месаџеро“ пренесува дека клубот од Рим ќе тргне по услугите на двајца фудбалери кои играат во Премиер лигата.

Станува збор за фудбалерот на Арсенал, Калум Чејмберс кој минатата сезона ја помина на позајмица во Фулам и Џамал Ласелс кој неколку години е незаменлив стопер на Њукасл.