„Бернабеу“ преполн со навивачи: Реал Мадрид го промовираше Азар (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар денеска беше промовиран во дресот на Реал Мадрид, откако неодамна „кралевите“ потврдија дека го ангажирале од Челси, на кој ќе му платат 150 милиони евра заедно со бонуси.

Трибините на „Сантијаго Бернабеу“ беа преполни со навивачи, кои пристигнаа да го пречекаат најзвучното засилување на „кралевите“ за овој трансфер-период досега.

Азар пристигнува од Челси, кадешто претходно седум години успешно го носеше нивниот дрес, па се очекува да биде главна ѕвезда на „кралевите“ во следната сезона и да го предводи тимот до нови трофеи.

Да потсетиме, Реал Мадрид сега се поврзува со трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ, но засега не се повлечени конкретни потези, иако тоа не значи дека наскоро нема „кралевите“ да испратат понуда до Париз.