Азар со прва изјава како фудбалер на Реал Мадрид: Среќен сум…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден Азар денеска конечно и официјално беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид.

На специјалната прес конференција на која присуствуваа бројни медиуми, Азар се обрати до јавноста со првите зборови како фудбалер на „кралскиот клуб“.

„Здраво на сите. Ќе ви зборувам на француски затоа што мојот шпански не е доволно добар. Ви благодарамна прекрасниот дочек за моето семејство кое е тука со мене. Среќен сум што ќе го облечам овој дрес и ќе ги бранам боите на Реал Мадрид, затоа што тоа отсекогаш ми било сон. Ви благодарамна сите за фантастичниот дочек“ –беа првите зборови на Азар.