Манчестер Јунајтед не се откажува од својот голман: Де Хеа добива нов договор


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најугледните светски спортски медиуми „ЕСПН“ јавува дека од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвени да му понудат нов договор на Давид Де Хеа.

Актуелниот договор на шпанскиот голман истекува во 2020 година, а за него веќе постои сериозен интерес од таборот на ПСЖ.

Преговорите околу новиот договор на Де Хеа со Јунајтед веќе траат 18 месеци, но сега од раководството на клубот се решиле да му прифатат дел од барањата на шпанскиот голман со цел тој да остане во клубот и во следните четири сезони.