Неверојатни сцени од улиците на Торонто по освоената титула на Репторс (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По победата во шестиот меч во НБА-лигата, единствениот тим од Канада во лигата по првпат во историјата долга 24 години го освои трофејот.

Торонто одигра неверојатно во плејофот, па предводени од неверојатниот Кави Ленар го шокираа светот и го урнаа Голден Стејт од врвот.

Секако, веднаш штом заврши шестиот меч, навивачите на Торонто излегоа на улиците и почнаа да слават. Цел град беше на нозе и сите беа воодушевени од успехот на Репторс.

Сцените од улиците се неверојатни. Градот не спиеше, а се слушаа автомобилските сирени, а изјавата на една навивачка јасно покажува колку се среќни фановите.

„Сега е 2.30 наутро, но јас сум премногу возбудена за да одам да спијам. Уживам во епската и луда прослава на Торонто од балконот“, вели навивачката.