Азар на промоцијата во Мадрид стигна со часовник од 68.000 евра, но поради еден детал се посрамоти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгиската ѕвезда Еден Азар синоќа бееш промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, кадешто го пречекаа 50.000 навивачи.

По долгогодшната драма „кралевите“ конечно го обезбедија неговиот потпис, кој доаѓа како најголема ѕвезда во Мадрид засега.

Азар синоќа порача дека пристигнувањето во Реал за него е остварување на детскиот сон, а „кралевите“ за неговиот потпис ќе платат 150 милиони евра, заедно со бонуси.

Белгиецот се потруди да биде совршен во текот на вчерашниот ден, но шпанските медиуми забележаа еден детал, кој сигурно ќе остави „дамка“.

Новиот фудбалер на Реал вчера се појави на претставувањето со часовник од 68.000 евра, но постои мал проблем. Новинарите забележаа дека часовникот на Азар не работи со оглед на тоа дека покажуваше датум – осми, а вчера беше 13 јуни.