Сари се договори со Јувентус, а во Лондон се враќа клупска легенда!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Маурицио Сари се договорил со управата на Јувентус, па наскоро се очекува официјална потврда на неговата преселба, а од друга страна во Лондон се очекува да пристигне Френк Лампард.

Челси ќе добие пет милиони евра за заминувањето на Сари во Јувентус, кој пристигнува како замена за Масимилијано Алегри, кој го напушти италијанскиот шампион на крајот на сезоната.

Сари имаше солидна сезона во Челси и го освои трофејот во Лигата на Европа, како и третото место во Премиерлигата, но во секој случај фановите на Челси се среќни затоа што во клубот се враќа Лампард.

Лампард имаше добра сезона во Дерби каунти, со кој стигна до плејофот, кадешто загуби во финалето, но ги покажа своите квалитети во првата тренерска сезона.