Шпански гигант понуди 15 милиони евра за Елмас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Фенербахче долго време се поврзува со трансфер во европски гигант, откако за него интерес покажаа неколку екипи.

Шпанските медиуми утринава пишуваат дека Елмас би можел да се пресели во Андалузија, односно во екипата на Севилја, која понудила 15 милиони евра за македонскиот репрезентативец.

Севилја е само уште една екипа во низата тимови, кои во претходниот период покажаа интерес за македонскиот фудбалер, а претходно највисока понуда за Елмас испрати Атлетико Мадрид, па останува да видиме кој ќе ја добие битката.

Претходно за Елмас интерес покажаа и Интер, Борусија Дортмунд, Наполи, Фиорентина, а наводно во борбата за талентираниот фудбалер се приклучува и Милан.