Откриени деталите од договорот меѓу Сари и Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Маурицио Сари денеска треба официјално да стане тренер на Јувентус, а пристигнува како замена за Масимилијано Алегри, кој го напушти клубот на крајот на сезоната.

Новинарите денеска ги објавија и деталите од договорот, кој ќе го потпише Сари со италијанскиот шампион.

Станува збор за тригодишна соработка со годишна плата од седум милиони евра, а „Старата дама“ треба на Челси да му плати пет милиони евра затоа што им го „украде“ Сари.

Исто така, Сари во Јувентус пристигнува со своите помошници од Челси, Паоло Бертели, Лука Готи и Марко Јани.

Сари во текот на кариерата во Италија ги предводеше Емполи и Наполи, кадешто остави трага, а сега со Јувентус ќе има за цел да ја освои титулата во Лигата на шампиони.