Реал Мадрид има само еден слободен број во моментов за Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар вчера беше промовиран во дресот на Реал Мадрид, откако пристигна од Челси за 100 милиони евра (150 милиони заедно со бонуси).

Сепак, Азар на презентацијата се појави без бројка на дресот, кадешто стоеше само неговото име.

Засега одличниот фудбалер има само една опција, а слободен е дресот со број 16, но тешко може да се поверува дека Белгиецот ќе се согласи на таа бројка.

Се претпоставува дека Азар ќе го добие бројот седум, кој во моментов го носи Мариано Диаз, кој е на прагот да го напушти Мадрид, иако клубот пред само една година го врати од Лион.

Азар претходно се пошегува дека го побарал дресот со број десет од Лука Модриќ преку Матео Ковачиќ, но добил негативен одговор.