Промени во Милан: Звонимир Бобан доаѓа, Малдини заминува на нова функција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Звонимир Бобан од наредната сезона ќе добие функција во клубот во кој играше цела деценија. Хрватот ќе биде главниот задолжен човек за фудбалискте операции во клубот.

Бобан беше заменик генерален секретар на ФИФА и се враќа во Милан каде што со успех играше од 1991 до 2001.

„ Засекогаш ќе бидам благодарен на претседателот Инфантино на можноста што  ми ја даде да работам на толку важни проекти на ФИФА, но сепак Милан е мојата фамилија и имам голема желба да му помогнам на мојот клуб да се врати онаму каде што припаѓа“ – изјави Бобан.

Бобан со Милан четири пати беше првак на Италија, а во 1994 ја освои Лигата на Шампионите.

И уште една легенда ја менува својата улога во клубот. Паоло Малдини од директор за развоја на клубот, сега ќе постане техинчки директор.

„ Паоло го има квалитетот и неговите вредности се основите на клубот. Сигурен сум дека Паоло ќе го искористи своето искуство , визија и лидерство, бидејќи тој е интегрални дел од Милан и го знае патот до успехот.“ – истакна извршниот директор на Милан Иван Газидис.