Вориорси порачуваат: Не се кладете против нас, ова не е крај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голден Стејт остана без титула, но не и амбиција.

Голден Стејт синоќа доживеа пораз во Торонто и остана без титула во НБА лигата.

Вориорси имаа проблеми со повредите во текот на финалната сезија, на крајот беа поразени со 4-2 од Торонто во серијата, но главниот играч, поранешен НБА првак Стеф Кари смета дека ова не е крај на оваа генерација.

„Тешко е да се изгуби финале, но нашата приказна не е готова. Се што доживеавме во последните пет години е одлично, но дефинитивно не мислам дека е готово“, рече Кари.

„Се боревме до крајот, но изгубивме… Но ќе се вратиме. Тоа ни е во крвта. Не би се кладел против нас следната сезона“, додаде Кари

И неговиот соиграч Дрејмонд Грин смета дека не е готово.

„Сите веројатно мислат дека ова е нашиот крај. Но, тоа не е паметно размислување. Изгубивме оваа сезона, но ќе се вратиме. Сеуште не сме завршиле“, рече Грин.