Зидан ќе има тим од соништата и ќе може да состави две непобедливи формации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид сериозно ја сфати ситуацијата после очајната мината сезона, па претседателот на клубот, Флорентино Перез веднаш го врати Зинедин Зидан и му дозволи да ја состави листана на засилувања.

„Мадриѓаните“ се спремни да направат тим кој ќе биде тешко да се запре во Шпанија, но и во Европа.

Потрошени се над 300 милиони евра, но Зидан сака уште засилувања и негова најголема желба е Пол Погба.

Не е невозможно и Мбапе од ПСЖ да ги засили, но сепак контурите на новиот состав кои ќе ги нападне сите трофеи наредната сезона веќе се назираат.

Со последните трансфери што ги направи Зидан и останатите играчи кои што беа во првиот тим од минатата сезона, ќе има на располагање два почетни состави кои ќе бидат со врвен квалитет.

Зидан наводно замислил две варијанти,а првата би била во формација 4-3-3 и би изгледала вака:

Куртоа- Карвахал, Варан, Рамос, Марсело- Модриќ- Погба- Крос- Винисиус- Бензема- Азар

Втората би била формациски поставена 4-2-3-1 и би изгледала вака:

Куртоа- Карвахал, Варан, Рамос, Марсело- Погба, Крос- Винисиус, Модриќ, Азар- Бензема

Без сомнеж „кралевите“ повторно ќе имаат кралски тим за следната сезона и ќе бидат стра ви трепет за противниците.