Дерби нема лесно да го пушти Лампард во Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Дерби Каунти нема да се согласат и лесно да го пуштат Френк Лампард да ја преземе клупата на Челси.

Клубот кој за малку не се пласираше во Премиер лигата од Челси ќе бара четири милиони фунти за да го ослободи Френк Лампард од обврските.

Од Челси се уште немаат официјално стапено во контакт со претставниците на клубот од Чемпионшип, но тоа ќе го сторат наскоро затоа што Маурисио Сари се очекува во секој момент да биде потврден како нов предводник на Јувентус.