Јовиќ преживеал животна драма: Рекетар се заканувал дека ќе му ги скрши нозете!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ пред неколку дена потпиша за Реал Мадрид договор на шест години и така стана најскапиот Србин во историјата.

Трансферот на српскиот напаѓач од Ајнтрахт во Реал не можел да помине без големо медиумско внимание, па некои подетално се занимаваа со животот на талентираниот напаѓач.

Еден интересен детал од животот на Јовиќ е кога во 2015 година пристигнала закана до семејството на напаѓачот дека во случај да не ги исплатат парите на рекетар, тој нема убаво да си помине. Пред сите Јовиќ, на кој му се заканил дека ќе му ги скрши нозете. Сепак, за среќа, полицијата реагирала брзо и го фатила човекот кој ги уценувал, па немало повеќе закани.

Сепак, Србинот сега го очекува ново поглавје во кариерата и сите се надеваат дека ќе успее да се прилагоди во „кралскиот клуб“.