Солскјер состави листа со желби: Јунајтед троши 210 милиони евра за одбраната!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Второ засилување на Манчестер јунајтед во преодниот рок треба да биде Шон Лонгстаф. Момчето кое одигра 2.200 минути во Премиерлигата и имаше тешка повреда на лигаментите е голема желба на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Младиот фудбалер има само 21 година, па многумина сметаат дека во одбраната ќе биде замена за Немања Матиќ. Медиумите сметаат дека Србинот е многу бавен и дека остава многу простор.

Лонгстаф нема доволно искуство, но Солскјер е подготвен да плати 30 милиони евра за да го донесе на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ исто така не се откажаа од Ван-Бисака, кој е решение за десната страна од одбраната, но Кристал Палас бара неверојатни 80 милиони евра за младиот дефанзивец.

Покрај тоа, Јунајтед треба да потроши и 100 милиони евра за Хари Мегваер, па Солскјер вкупно за одбраната треба да потроши околу 210 милиони евра.