Кутињо постигна два гола во победата на Бразил против Боливија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Бразил победија со 3-0 против Боливија на отворањето на Копа Америка, но резултатот остана во сенка поради свирежите од трибината.

Домаќините дури во 50. минута го скршија отпорот на противникот и тоа по пеналот на Филипе Кутињо.

Три минути пооцна фудбалерот на Барселона постигна уште еден гол и тоа на асистенција на Роберто Фирмино, а во 85. минута резервистот Евертон Соареш го постави конечниот резултат.

Екипата на Бразил во текот на првото полувреме се соочи со негативна реакција од трибината.

„Почуствувавме незадоволство. Не може да очекувате разбирање од навивачите кога не играте како што очекуваат тие и мора тоа да го разбереме. Кога ја чувате топката во последната линија, тогаш тоа се случува, а кога ќе нападнете, тогаш и ќе добиете аплауз“, вели селекторот на Бразил, Тите.